Германија
Борусија Дортмунд се пофали со ново големо засилување
Борусија Дортмунд и летово умешно го засилува својот тим, а на денот во кој е потврдено заминувањето на Никлас Филкруг, го потврди големото засилување од Шпанија, односно Англија.
Бундеслигашот официјално го потврди заемот на Јан Коуто, фудбалер чиј договор ќе биде откупен по крајот на сезоната и веќе му е на располагање на новиот тренер Нури Шахин.
Коуто последната сезона блескаше во дресот на Џирона, но е фудбалер на Манчестер Сити и уште едно засилување кое Борусија го доведува од англиски клуб.
22-годишниот Бразилец дојде во Сити во 2019 година, но нема ниту еден настап за англискиот клуб, а сега ќе се обиде да се наметне со своите настапи во Германија, каде ќе настапува за актуелниот европски вицешампион.
Коуто е во Швајцарија на подготовките со својот нов тим, а вкупната трансфер сума сосе годинешниот заем нема да надмине 30 милиони евра.
-
Лига на нациипред 22 часа
Ван Дајк го изигнорира националниот колега од Јунајтед, видеото стана вирално
-
Лига на нациипред 20 часа
Мајсторија на напаѓачот: Словенечкиот коментатор „полуде“ по слаломот на Шешко (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Родриго призна дека знае да се налути: Повремено се чувствувам како да „пополнувам дупки“ во Реал
-
Италијапред 21 час
Мангупскиот гол на Фратези ги воодушеви фудбалските фанови во Италија (Видео)
-
Лига на нациипред 12 часа
Шок за Артета и фановите на Арсенал: Одегард заработи ужасна повреда и го напушти теренот со плачење (Видео)
-
Лига на нациипред 23 часа
Димитриевски не одговори на прозивките од поранешните колеги: Најважно е што ќе направиме утре
-
АТПпред 8 часа
Ферер за допинг аферата на Синер: Се прочитав, тој не е виновен
-
Светпред 11 часа
Интересен предизвик за Холанѓанецот: Депај позираше со дресот на новата екипа (ФОТО)