Поврзете се со нас

Германија

Борусија Дортмунд се подготвува за „живот“ по Санчо: Ќе тргне по косовски репрезентативец

Објавено

на

Од редовите на Борусија Дортмунд веќе започнале потрага по замена за Џејдон Санчо кој веројатно ќе си оди од клубот во летниот преоден рок.

За  младиот Англичанец сериозен интерес има од Манчестер Јунајтед кој сака да го врати на Островот и кој притиска за неговиот потпис.

Манчестер Јунајтед поради пандемијата со коронавирусот и економските проблеми предизвикани од вирусот го проценува играчот на 50 милиони фунти, меѓутоа е подготвен да издвои најмногу 80 милиони фунти.

Германскиот клуб за него бара 100 милиони фунти, а според најновите најави „милионерите“ веројатно ќе се согласат да го пуштат за оваа сума.

Дополнително, клубот од Дортмунд веќе влегол во преговори со косовскиот репрезентативец, Милот Рашица кој игра одлично во дресот на Вердер Бремен.

Рашица со своите настапи го привлече вниманието на големите европски клубови, а неговиот агент неодамна изјави дека дури и Ливерпул се распрашувал за него.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни