Поврзете се со нас

Германија

Борусија Дортмунд ја пронајде замената за Лусиен Фавре

Објавено

на

Од таборот на Борусија Дортмунд ја пронајдоа перманентната замена за Лусиен Фавре кој пред неколку месеци доби отказ од клубот по слабите резултати оваа сезона.

Првично раководството се надеваше дека ќе го повтори успехот на Баерн Минхен кој привремено го назначи Ханси Флик за нов предводник на клубот, а потоа му понуди и перманентен договор по фантастичните успеси со клубот.

Сепак,  Един Терзиќ не успеа да ги поправи работите во клубот, па по крајот на сезоната ќе биде ослободен од обврските.

Овој месец Борусија Дортмунд, како што пишува „Кикер“ ќе потпише преддоговор со тренерот на Борусија Мехенгладбах, Марко Росе.

44 годишниот Росе има откупна клаузула во договорот со Мехенгладбах во висина од пет милиони евра и истата му истекува во месец мај. Според германскиот медиум овој месец и официјално ќе биде објавено дека Росе од на лето ќе седне на клупата на Борусија Дортмунд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни