Поврзете се со нас

Германија

Борусија Дортмунд и дефинитивно се откажува од Санчо, веќе ја пронајде неговата замена

Објавено

на

Џејдон Санчо како што стојат работите и дефинитивно ќе си замине од редовите на Борусија Дортмунд и ќе направи трансфер во текот на летниот преоден рок.

Најголем фаворит за обезбедувањето на неговиот потпис е тимот на Манчестер Јунајтед кој и минатата сезона беше блиску до неговиот ангажман.

Дека „милионерите“ се согласни да го пуштат Санчо да си замине говори и фактот дека тие се многу блиску до ангажман на неговата замена.

Имено, според германските медиуми, холандскиот интернационалец и најдобар играч на ПСВ Ајндховен, Донјел Мален е желба на раководството на Брусија Дортмунд.

Мален кој не успеа да се наметне како играч на Арсенал веќе неколку сезони со успех игра во тимот на ПСВ, а неговите настапи му обезбедија место и во селекцијата на Холандија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни