Поврзете се со нас

Англија

Борнмут го продаде својот голгетер во Тотенхем, од трансферот добро ќе заработи и Ливерпул

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/afcbournemouth

Тотенхем успеа да го засили нападот со тип на фудбалер каков што недостасуваше по заминувањето на Хари Кејн, а за тоа задоволство премиерлигашот ќе исплати дури 65 милиони фунти.

Нов член во составот на Анге Постекоглу ќе биде Доминик Соланки, досегашниот фудбалер на Борнмут, кој минатата сезона играше одлично и постигна 21 гол на 42 натпревари за својата екипа.

Борнмут ќе добие 55 милиони фунти и уште 10 милиони фунти во вид на евентуални бонуси, што е нов клупски рекорд за продажба на премиерлигашката екипа.

Соланки дојде во Борнмут во 2019 година од Ливерпул за 19 милиони фунти, а од инвестицијата на Тотенхем ќе профитираат и „црвените“ кои во договорот вметнале клаузула според која ќе добијат 20 проценти од профитот од идниот трансфер на напаѓачот.

Соланки има 26 години и со Тотенхем потпишал договор до 2030 година.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни