Англија
Борнмут го потопи Јунајтед на „Олд Трафорд“, Челси не успеа да го пробие бедемот на Евертон (Видео)
Фановите на Манчестер Јунајтед бргу ја заборавија големата победа во градското дерби со шампионот Сити, бидејќи во меѓувреме нивните миленици повторно врзаа два пораза.
По тој во Карабао купот од Тотенхем, денеска Јунајтед доживеа уште понепријатен пораз, на домашен терен од Борнмут (0:3).
Хујсен го отвори резултатот по нафрлување од корнер во првото полувреме, Клајверт зголеми од пенал во вториот дел, а конечните 0:3 ги постави Семењо во 63. минута и најави нови главоболки за менаџерот Рубен Аморим.
Челси не успеа да го совлада Евертон на „Гудисон Парк“, на натпревар на кој имаше иницијатива и шанси, но не постигна гол и мора да ги прифати конечните 0:0.
Волвс славеа со убедливи 0:3 против Лестер на дебито на новиот менаџер Витор Переира, а голови немаше на соочувањето на Фулам и Саутемптон.
Манчестер Јунајтед е на 13. место на табелата со големо заостанување зад лидерот Ливерпул, додека Челси има бод помалку, но и два натпревара повеќе од „црвените“.
-
Италија21 час
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства19 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија16 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија22 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија20 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија19 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија18 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Балкан18 часа
Барди „раскинал“ со Трабзонспор, може да се врати во Шпанија