Поврзете се со нас

Англија

Борнмут ги искористи парите од Соланки за да го собори клупскиот трансфер рекорд

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/afcbournemouth

Раководството на Борнмут реши да реинвестира поголем дел од парите од трансферот на Домник Соланки во Тотенхем и го собори клупскиот трансфер рекорд.

Тоа е направено со купувањето на Еванилсон од Порто, за кого премиерлигашот ќе плати дури 40,2 милиони фунти и со кого ќе треба да го неутрализира заминувањето на досегашниот голгетер.

Борнмут ќе исплати фиксни 31,7 милиони, додека преостанатиот дел би го исплатил преку полесно остварливи бонуси за чие актиривање ќе треба да помогне и самиот фудбалер.

Еванилсон постигна 60 голови на 154 натпревари кои ги одигра за Порто последните четири години, а веќе има два настапа и за бразилската репрезентација, чиј член беше и на последната Копа Америка.

Бразилецот ќе ја преземе „деветката“ на Соланки, кој претходно во рекорден излезен трансфер му донесе 65 милиони фунти на Борнмут.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни