Поврзете се со нас

Македонија

Борко за „Дерби“: Јас знам што ме влече, но во спортот никогаш не се знае!

Објавено

на

Чуварот на мрежата во Барселона, воедно и во македонската репрезентација, Борко Ристовски, периодов е актуелен поради можноста да ја смени средината заради атрактивните понуди што ги добива.

Во интервјуто за „Дерби“ тој инсистира дека негов фокус и натаму останува Барселона бидејќи со неа има шанса да игра на „Фајнал 4“ во Келн и да атакува на трофеј од Лигата на шампионите, но сепак открива дел од размислувањата за иднината.

ДЕРБИ: Веќе неколку пати „те продадоа“ во Берлин, во Хановер, ние слушнавме за шпекулации со можен трансфер во Гепинген, но знаеш ли барем ти каде ќе играш следната сезона? Или барем имаш ли преференции за изборот на новиот клуб?

Нормално, ме влече најдобрата лига на светот, германската, а како што спомнавте медиумите пишуваа за понудите кои до сега стигнале. Можам да кажам дека од она што го знам како информација од мојот менаџерски тим, постои интерес од повеќе екипи и се преговара со нив. Се уште немам донесено дефинитивна одлука, сконцентриран сум на Барселона и на сите оние натпревари што не очекуваат. Имаме тежок распоред, па одлуката за мојата иднина ќе ја донесам следните недели.

ДЕРБИ: Колку емотивно ја доживуваш можната разделба од Барселона, клуб кој е идеал за речиси секој играч од ракометната фела? Дали оваа сезона претставува последна шанса да стигнеш до трофејот во Лигата на шампионите?

Со Барселона имавме преговори за продолжување на договорот за уште две години, меѓутоа размислувањето (мое и на мојот менаџерски тим) не беше на исто ниво со понудата за да постигнеме договор. Дали е дефинитивна разделбата не би сакал да коментирам во овој момент, нема ништо сигурно во спортот. Секоја разделба во принцип значи и отворање на ново поглавје, како во мојот живот, така и во мојата кариера. Верувам дека ќе имаме успешна сезона која што ќе ја заокружиме со освојување на Лигата на шампионите. Во секој случај, Барселона засекогаш ќе биде дел од мене, тука доживеав убави моменти кои ќе останат врежани во мојата кариера, а и генерално за македонскиот ракомет. Во принцип, јас сум човек што доаѓањето и разделбата со клубот не ги сфаќам лично, туку како дел од мојата работа. Што се однесува до тоа дали ова е последна шанса, верувам дека нема да биде така. Постои голема веројатност дека ќе играме на Ф4 турнирот во Келн, а таму никогаш не се знае!

ДЕРБИ: Унгарските медиуми објавија дека Штербик заминува од Вардар, па интересно би било да знаеме дали доби барем повик од Скопје, макар само да се заинтересираат дали би сакал повторно да го облечеш „црвено-црниот“ дрес?

Јас пред повеќе години донесов одлука и дадов изјава дека со цела почит кон Вардар, би сакал својата кариера да ја градам надвор од границите на Македонија. Одговорот е ист и овој пат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни