Борко во елемент, Барселона до нова победа (Видео)

borko

Барселона е неприкосновена кога се во прашање мечевите во АСОБАЛ лигата, па така вечерва ја забележа и 12 победа во исто толку натпревари.

Во „Палау Блауграна“ пред околу 500 гледачи каталонците ја добија Замора со 32-20. Фаворитот го скрши противникот уште во првиот дел во кој дојде до предност од девет голови (19-10), по што вторите 30 минути беа чиста рутина за фаворитот.

Жалуз со шест и Ривера, Абелјо со по пет голови беа најефикасни, додека нашиот Борко Ристовски беше одличен на голот со вкупно 15 интервенции или 42,9 проценти на одбранети удари.

Facebook Коментари