Борко супер расположен во новата победа на Барселона (Видео)

borko

Македонскиот репрезентативец, Борко Ристовски блескаше на голот, а Барселона Ласа дојде до нова победа, број 17 во АСОБАЛ лигата.

Ова е епилогот од вечерашното гостување на шпанскиот великан кај Анхел Хименез при што беше остварен триумф од 38-19, триумф во кој Борко имаше 15 интервенции или 44,1 проценти на одбранети удари (15/34), плус постигна и еден гол.  Што се однесува до листата на стрелци Ривера со 9 беше најдобар, додека 6 даде Н Гесан. Во домашниот табор се истакна Рудовиќ со 7 голови.

Facebook Коментари