Македонија
Борко покажа одличен спортски дух и му ја честиташе титулата на Пелистер: Треба да се биде искрен и чесен…. (Фото)

Борко Ристовски речиси на секој натпревар има вербални пресметки со навивачите од Битола и често знае да биде мета на нивните транспаренти, но сепак искусниот чувар на мрежата покажа класа откако Вардар и дефинитивно остана без титула.
Најтрофејниот македонски клуб вчера киксираше во Кавадарци и остана без теоретски шанси за одбрана на титулата во домашното првенство, нешто што можеше да се насети уште по дерби поразот во „Боро Чурлевски“.
Еурофарм Пелистер од вчера и официјално е нов ракометен првак на Македонија, а една од првите честитки интересно ги испрати токму голманот на Вардар.
Борко покажа завиден спортски дух и испрати порака преку социјалните мрежи, заклучувајќи дека Пелистер е заслужено на врвот оваа сезона.
– Треба да се биде чесен и искрен и да се честита за освоената титула во првенството. Заслужено, – порача Борко.
-
Германијапред 23 часа
Кан доживеал брутално понижување од Баерн: Ова е најлош ден во мојот живот!
-
Шпанијапред 23 часа
Родриго претрча 70 метри и постигна неверојатен гол во Севилја (Видео)
-
Францијапред 22 часа
Голот на Меси доволен за историја и нова шампионска титула на ПСЖ (Видео)
-
Шпанијапред 7 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Англијапред 22 часа
Капитенот на Лутон колабираше на теренот, па ја прослави промоцијата во Премиер лига од болнички кревет (Фото)
-
Англијапред 10 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Македонијапред 22 часа
ТЦР Европа: Давидовски до четвртото место во првата трка
-
Италијапред 6 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито