Борко немаше свој ден, Бенфика преслушана во дербито од Порто

borko na gol

Екипата на Бенфика за која настапува Борко Ристовски доби лекција од Порто во дербито на 11. коло во првата лига на Португалија.

Порто покажа дека во овој момент е далеку подобар, поквалитетен состав од градскиот ривал и како гостин славеше со дури 10 голови разлика (33-23). Уште во првиот дел гостинските играчи направија висока предност (18-11) која дополнително ја зголемија во продолжението на натпреварот.

Македонскиот репрезентативец Ристовски немаше свој ден и забележа само една одбрана, односно прими 16 голови.

Бенфика со 29 бода е на третото место на табелата зад Порто и Спортинг.

Facebook Коментари