Борко ќе се збогува со фановите на Барселона во сабота

borko-barca

Ракометниот клуб Барселона ќе го добие шампионскиот трофеј за триумфот во шпанското првенство во сабота и тоа по натпреварот од последното коло против екипата на Теукро.

Каталонскиот тим ја освои 25. титула во АСОБАЛ лигата, а сезоната ја заврши со нова двојна круна откако ја потврди доминацијата и во шпанскиот Куп. Навивачите ќе имаат можност да им заблагодарат и на четворица ракометари кои ја напуштаат Барселона, меѓу кои и македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски, кој кариерата ќе ја продолжи во Бенфика.

Ристовски ќе добие пригоден подарок од клубот, а сигурно и заслужени овации од фановите, додека во идентична ситуација се и Валеро Ривера, Виран Морос и Алексис Борхес.

Facebook Коментари