Борко имаше неверојатен процент на одбрани во новата победа на Бенфика

borko

Македонскиот репрезентативец, Борко Ристовски и Бенфика го оправдаа статусот на фаворити и славеа пред своите гледачи над Агуас Сантас со 24-19 во 9. рунда од разигрувањето за пехарот во Португалија.

Бенфика го скрши отпорот на противникот во вторите 30 минути кои ги реализираше со 13-8. Мартинс, Мореира и Карвалјо со по 4 голови беа најефикасни, додека на голот страшен беше нашиот Ристовски имаше дури 53 проценти на одбранети удари (8 од 15).

Борко и другарите со 57 бодови се на третото место, а во следното коло му гостуваат на Порто.

Facebook Коментари