Борко го откажа Адемар, нова победа за Барселона

borko

Борко Ристовски одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Барселона, а вечерва успеа да забележи дури 14 одбрани (процент на успешност 41,2%) во дуелот со Адемар Леон, клубот кој е и најсериозен ривал на Каталонците во домашното првенство.

Разликата во квалитет е јасна па Барселона славеше со 28:20, но токму одбраните на македонскиот голман беа решавачки да се откаже противникот уште во првото полувреме кое домаќините го добија со 17:12.

Покрај Борко, во тимот на Барселона се истакна и Ривера кој реализираше дури 11 пати во мрежата на Адемар.

Facebook Коментари