Борко доминантен на голот, Барселона убедлива во шпанската лига

borko

Борко Ристовски одигра одличен натпревар против Морацо Кангас и му помогна на својот тим Барселона полесно да ги освои планираните бодови против аутсајдерот во шпанското првенство.

Каталонците го добија натпреварот со 36:21, а Ристовски забележал 15 одбрани со успешност од 41,7 проценти, со што ја потврди одличната форма во која се наоѓа. Македонскиот голман успеал и да постигне еден гол на оваа средба. На спротивната страна, во играта во напад своја вечер имаше Валеро Ривера кој постигнал дури 13 голови во мрежата на Морацо.

По 23 одиграни натпревари, Барселона останува убедливо прва со 22 победи и 1 реми.

Facebook Коментари