Борко и Бенфика немаа одговор за Порто во португалското дерби

borko

Составот на Порто убедливо ја реши дерби пресметката со Бенфика на Борко Ристовски во рамките на 24. коло во првата лига на Португалија.

Домашниот одигра квалитетно во нападот, но и во одбраната каде го сведе противникот на 22 гола за конечни на крајот 31-22 (18-11). Ова за Порто беше 23 победа, додека пак за Бенфика 5 пораз со што останува на третото место на табелата.

Гомеш со 8 голови беше најпрецизен кај победникот, додека голманот Кинтана имаше 16 интервенции. Кај Бенфика со 5 погодоци се издвои Ѓорѓиќ, а пак нашиот Борко имаше 4 одбрани од 17 обиди или 24 процентна успешност.

Facebook Коментари