Борко и Бенфика ја загубија дерби пресметката со Спортинг

borko

Составот на Бенфика од кој дел е нашиот голман Борко Ристовски доживеа пораз од вечниот ривал Спортинг со 30-28 во денешното дерби од третата рунда од првата лига на Португалија.

Спортинг одигра добро прво полувреме во кое се избори за позитива од четири голови (15-11) која успеа да ја одбрани во вторите 30 минути. Наејфикасен на дуелот беше домашниот ракометар Ѓорѓиќ со 9 погодоци од 13 обиди, додека Борко прокнижи 9 интервенции или точно одбрани 27 проценти од ударите упатени кон неговиот гол.

Франкис со 7 голови беше прво име кај победникот. Бенфика сега има учинок од две победи и еден пораз, во следната рунда ќе се соочи со Аванча.

Facebook Коментари