Поврзете се со нас

Балкан

Борјан ги смируваше страстите пред „Делиите“, бесниот Гобељиќ му одговори без влакна на јазикот (Видео)

Објавено

на

Голот на Натхо направи голема разлика на вечното дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда кое вчера се одигра во Белград, а кое сосема невообичаено за ова време, беше одиграно пред речиси исполнет стадиум во српската престолнина.

Играчите на Партизан остварија значајна победа против шампионот и се пласираа во големото финале во Купот на Србија, па како што можеше да се очекува, епилогот од дербито донесе многу реакции, но и одреден дел провокации од двете страни.

Иако Звезда е недостижна на табелата во Првата Лига, за Партизан ова беше трета победа на последните четири дерби пресметки, податок кој дојде до израз и по крајот на натпреварот.

Гостинските фудбалери имаа огромна поддршка од „Делиите“ кои исполнија цела трибина на гостувањето, но кога играчите почувствуаа потреба да ги поздрават по поразот, се издвои сцената во која незадоволниот Марко Гобељиќ беше крајно разочаран од конечниот исход.

Капитенот Борјан се обидуваше да ги охрабри играчите и да ги поздрават фановите, по што следеше искрена реплика од Гобељиќ.
но беше тешко. Марко Гобељиќ со крвав дрес само му дофрли пред камера…

– Што ајде брате? Не е..т кога ќе стигнат. Што ајде….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни