Поврзете се со нас

Англија

Борец со најмлад состав во Македонија, Монако меѓу екипите од големата петорка

Објавено

на

Меѓународниот центар за спортски истражувања направи анализа на возраста на фудбалерите со која настапуваат европските клубови на почетокот на сезона, истакнувајќи ги тие со најмал просек на возраста на својот тим.

Анализата е направена на 72 првенства по одиграните натпревари до 23. септември, а покрај за цела Европа, тука се и индивидуалните статистики по шампионат и тие се однесуваат на фудбалерите кои имале минутажа.

Според истите, во македонското фудбалско првенство, по првите седум кола, со најмлад состав настапувал Борец, екипа чија просечна возраст изнесувала 23,49 години.

Следува Пелистер со просечни 24,25 години, а во првата петорка се и Работнички, Академија Пандев и Брегалница. Највисок просек има Тиквеш со просечна возраст на екипата од 28,02 години.

Во големата европска петорка, најнеискусен тим имал Монако (24,31 години), по што следуваат Баер Леверкузен со 24,64 години и Ст. Етјен со 24,74 години. Француските прволигаши заземаат дури шест од десет позиции во Топ 10 со просечен најмлад тим.

Анализата на Премиер лигата по пет кола покажува дека најмлад тим имал Арсенал со 25,02 години, а по „топчиите“ следуваат Брентфорд и Саутемптон. Манчестер Јунајтед е на осмото место со просечна возраст од 27,05 години, следува Манчестер Сити со 27,12 години, а зад нив се Челси (27,70 години) и Ливерпул (27,80).

Реал Сосиедад имал најнизок просек на возраста во Ла Лига (25,50 години), Барселона е трета со 26,78 години, додека Реал Мадрид е осми со 27,75 години.

Во Италија, на врвот е Специја со просечна возраст од 24,80 години, Милан е трет со 25,13, Рома има просек 26,31 години, Јувентус и Интер се блиску до дното со 28,32, односно 29,05 години, додека највозрасен избор имал Лацио со 30,30 години.

Ако се гледа цела Европа, тогаш на првата позиција е летонскиот тим Мета со просечна возраст од 20,16 години, додека Борец е на 31. позиција во ова друштво.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни