Македонија
Борец подобар од Македонија Ѓ.П, Силекс ја доби драмата со Работнички

Возбудливата завршница на дербито меѓу Борец и Македонија Ѓорче Петров, односно драматичната победа на Силекс против Работнички ги одбележаа денешните натпревари од 9. коло на Првата македонска фудбалска лига.
Борец и Македонија играа без голови до финишот, гостите не реализираа пенал во вториот дел, а потоа велешани набрзина стигнаа до предност од 2:0.
Борец два пати изведуваше пенал, а по одбиената топка од нереализираниот втор обид, резервистот Пеев успеа да погоди во 85 минута.
Ѓорѓиев шест минути подоцна донесе повисока предност, која Македонија само ја намали во последните моменти преку Фернандо за конечни 2:1 во корист на Борец.
Силекс и Работнички одиграа натпревар со седум голови (4:3), а победникот беше решен во судиското продолжение. Силекс водеше со 2:0 и 3:2, Работнички два пати израмнуваше, но на крајот неговите фудбалери останаа разочарани.
Гостите од Скопје беа пред осигурување бод, но Мустафов во 94. минута ги постави конечните 4:3 за голема радост во редовите на Силекс.
Шкупи стигна до важна победа на гостувањето кај Академија Пандев (0:1) и тоа со голот на Дарбо во 79. минута, а Струга Трим Лум ја победи Беласица со 3:0.
Немаше голови единствено на дуелот меѓу Ренова и Пелистер.
Шкендија на табелата води со 21 бод, следува Шкупи со два бода помалку, Македонија Ѓ.П е трета со 16, додека Борец има бод помалку од скопскиот ривал.
-
Македонијапред 13 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 10 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 23 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 21 час
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 20 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 23 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Италијапред 17 часа
„Кориере“: Мурињо донесе конечна одлука, знае каде ќе работи наредната сезона