Поврзете се со нас

Македонија

Борец договори офанзивец од Хрватска

Објавено

на

Екипата на Борец продолжи да го освежува составот за вториот дел од шампионатот, па така по Алехандер Борха и Лука Трајкоски договорен е Хрватот Еди Баша.

Баша има 27 години и досега има настапувано во Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. Тој е офанзивец, игра на крилните позиции и треба да донесе нешто ново кај тимот предводен од Горазд Михаjлов.

Клубот од Велес воедно откри дека преговара со уште еден странец од средината на теренот како и со двајца македонски фудбалери и голман.

Борец утре ќе ги започне подготовките за пролетниот дел од домашното првенство.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни