Поврзете се со нас

Шпанија

Бордалас за одлуката на Чави: Споредбите со Гвардиола не се фер

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona_es

Хетафе денеска ќе и се спротивстави на Барселона, a тренерот Хозе Бордалас ја коментирал одлуката на колегата Чави да ја заврши соработката со Каталонците по крајот на сезоната.

Бордалас изразил поддршка за помладиот колега, истакнувајќи ја и главната разлика меѓу неговиот мандат и тој на Пеп Гвардиола во Барселона.

– Тренерите се изложени на голем притисок и ги почитувам нивните одлуки.

– Знам какви тешкотии доаѓаат со оваа професија, па ако Чави решил дека не треба да продолжи во Барселона, ја почитувам таа одлука.

– Не верувам дека целиот притисок се случува поради „сенката“ на Гвардиола. Чави освои титула и Супер куп кога клубот беше во големи финансиски проблеми и затоа мора да ја почитувате неговата работа. Не може да го споредувате со периодот на Гвардиола, Пеп беше тренер во поинакви моменти и со неверојатни играчи во тимот, – рекол Бордалас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни