Борбениот Металург загуби во Загреб

Martin Tomovski

Ракометарите на Металург се прикажаа во солидно светло на вечерашното гостување кај ППД Загреб во СЕХА лигата, но таа нивна игра и борбеност не се покажаа како доволни за изненадување и домаќините обезбедија триумф од 30-28.

Македонскиот вицешампион во финишот на првиот дел му дозволи на ривалот да направи разлика и на паузата да замине со позитива од 15-13, предност која Загреб во продолжението во неколку наврати ја зголеми на плус четири за да на крајот се одбрани и дојде до 10 триумф.

Контрец и Хорват со по 8 голови беа најдобри кај победниците, бројка до која Кузмановски дојде кај Металург, а пак Јагањац даде 9 погодоци.

Facebook Коментари