Поврзете се со нас

Италија

Бонучи за фаворитот за скудетото: Конте никогаш не греши во ваква ситуација

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Леонардо Бонучи денеска е актуелен во италијанските медиуми поради интервјуто за „Ла Стампа“, во кое зборувал на повеќе теми, вклучувајќи ги и случувањата во својот поранешен клуб Јувентус.

Поранешниот италијански репрезентативец очекува добри резултати на Јуве под водство на Тиаго Мота, а дал свое мислење и за борбата за скудетото во која се истакнуваат Наполи и Интер.

– Тиаго има посебна фудбалска интелигенција и има јасна цел со своите идеи.

– Нормално е да има потешкотии на почетокот, но клубот треба да има доверба во него. Фудбалерите го следат и му веруваат затоа што знаат дека ова е вистинскиот пат за промени по последните сезони во кои се играше поинаков фудбал. Имам комуникација со дел од момците кои добро ги познавам и не постои ниту еден фудбалер кој не го поддржува Мота во неговите замисли, – рекол Бонучи, кој му дава предност на Наполи во трката за титулата.

– Според мене Наполи е фаворит, бидејќи Конте во вакви услови никогаш нема направено грешка. Тој беше прв кој направи нешто поразлично во лигата и неговите идеи даваат резултат, – вели Бонучи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни