Поврзете се со нас

Европски првенства

Бонучи за елиминацијата на Италија: Можев да помогнам со моето искуство…

Објавено

на

foto:twitter.com/bonucci_leo19

Италија не се прослави на Европското првенство во Германија каде со судни маки успеа некако да ја мине групната фаза за да во првата нокаут рунда биде преслушана, надиграна од селекцијата на Швајцарија.

Овој настап остави многу прашалници за репрезентацијата, фудбалот на Апенините, па имаше и се уште има реакција за прикажаното, одлуките на селекторот Спалети и што треба да се промени за да Италија одново биде конкурента.

Еден од играчите кој се надеваше дека ќе биде во тимот и на достоинствен начин ќе ја заврши кариерата беше Леонардо Бонучи, но заминувањето од Јувентус и епизодите во Унион Берлин и Фенербахче не му помогнаа да ја оствари посакуваната цел.

Тој смета дека со своето искуство можел да придонесе работите да биде подобри, ама и тој е свесен дека ситуацијата не е така едноставна.

-Настапот на ЕП беше она што ме туркаше низ оваа сезона. Тоа беше цел, но како одминуваше времето и со промената на селекторот, сфатив дека можноста (да одам на ЕУРО 2024) повеќе ја нема.

-Очигледно кога ќе ги видите вашите браќа и соиграчи со кои сте се бореле претходно, на ум ви доаѓа желбата да кажете „можев да им подадам рака“. Еден поединец не ја прави разликата, можев да помогнам со искуство, ама работите завршија како што завршија, -истакна Бонучи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни