Бонучи се отвори за еден настан од детството: Еден насилник…

bonuci

Леонардо Бонучи веќе со години е еден од најдобрите светски дефанзивци, вистински воин кој изгледа застрашувачки на теренот, но тоа не било така во детството и тој се отвори за еден настан кој му се случил кога имал 14 години.

Бонучи даде интервју за „Газета Дело Спорт“ во кое ја промовираше својата книга „Мојот пријател Лео“ која ја напиша заедно со новинарот Франциско Чернити.

-Бев вклучен во инцидент кога имав 14 години, за кој никогаш не зборував. Бев во Витербо, родниот град и се најдов во посебна ситуација, загрозен од момче кое беше две години постаро од мене. Тој ме турна и побара да му дадам се што имав во џебот. Останав со ладна глава и бев доволно храбар да не му дозволам да ме прегази. Успеав да се ослободам и побегнам најдов мала група пријатели. Инцидентот влијаеше врз мене, но сфатив дека морам да пораснам. Со тоа што тоа момче ми пријде значи дека видело слабост во мене. Според мене на силеџија нешто му фали. Ако малтретираат тоа е затоа што тие самите доживеале тешка состојба. Се надевам дека книгата им помага и на оние кои злоупотребуваат други физички или психички. Секогаш се обидувам да ги натерам моите деца да разберат дека можат да разговараат со мене за било што. Без разлика дали е нешто правилно или погрешно, исправно е да започнете дијалог со вашите родители, баби и дедовци и луѓе на кои им верувате. Ако не, лесно може да се затворите да престанете да излегувате и ги комплицирате работите, -истакна Бонучи.

Facebook Коментари