Поврзете се со нас

Италија

Бонучи сакаше да се пресмета со претставник на Интер по голот на Санчез (Видео)

Објавено

на

Леонардо Бонучи очекуваше да влезе во игра во завршните секунди од дербито со Интер во италијанскиот Суперкуп, но наместо тоа влезе во неочекуван дуел со претставник на противничката екипа.

Дефанзивецот не беше подготвен за настап по паузата поради повреда, но очигледно добил зелено светло од тренерот Алегри да влезе како последна замена, за да може да шутира пенал во очекуваната пенал серија.

Но, големата грешка на одбраната на Јувентус донесе погодок за Санчез во 121. минута, Интер го освои Суперкупот, а Бонучи влезе во дуел со техничкиот секретар на Интер, Кристијано Моцило.

Не се јасни причините за ваквата реакција, но очигледно е дека Бонучи бил премногу нервозен во моментите кога противникот славеше во драматичната завршница и сега може да добие и дисциплинска казна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни