Поврзете се со нас

Италија

Бонучи по првиот натпревар под водство на Пирло направи компарација со Сари: Мислам дека со Пирло…

Објавено

на

Јувентус имаше победнички старт под водство на новиот стратег, Андреа Пирло, откако со убедливи 3:0 славеше против тимот на Сампдорија.

Актуелниот италијански шампион прикажа убедлива и допадлива игра во отворањето на сезоната, а многумина ја увидоа разликата на сегашниот Јувентус предводен од Андреа Пирло и оној Јувентус од минатата сезона кој беше предводен од Маурисио Сари.

Јувентус имаше 20 удари кон голот  на противничкиот тим, а трите на Дејан Кулушевски, Кристијано Роналдо и Леонардо Бонучи завршија во мрежата на Сампдроија.

Еден од стрелците на гол и еден од најискусните играчи во тимот, Леонардо Бонучи имаше што да каже по одличната претстава во првото коло од Серија А.

– Видовме некои нови идеи кои ги воведе тренерот, нов начин на игра, многу ентузијазам и кога ја имаме, но и кога ја немаме топката.

– Најголемата разлика е начинот на кој сега напаѓаме и ја преземаме иницијативата. Гледајќи ја работата од претходните неколку недели и од овој натпревар, мислам дека сега сме доста подобри.

– Имаме поразлични движења, со Сари повеќе се движевме како група во одбраната, додека со Пирло можеме да одиме и еден на еден што ни дава повеќе слобода да бидеме поагресивни и да ја освојуваме топката многу почесто, -изјави Бонучи кој потоа беше запрашан на кого повеќе го потсетува Пирло, дали на Алегри или на Сари.

– Многу е поблизок до Алегри, тоа е очигледно. Пирло го има истото влијание кое го имаше и како играч кога знаевте дека може да му ја дадете топката и бевте убеднеи дека нема да ја изгуби. Сега е исто и кога е тренер, постои истата доверба во него, -заврши Бонучи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни