Поврзете се со нас

Италија

Бонучи открива: Мораа да не разделуваат за да не се испотепаме со Алегри!

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Леонардо Бонучи немаше крај каков што замислуваше и посакуваше во Јувентус, а главна причина за таквиот епилог е Масимилијано Алегри, тренер поради кој си замина од клубот една година пред да замине во пензија.

Последната играчка година на Лео се претвори во пекол поради нарушениот однос со Алегри, бидејќи искусниот стопер најпрво заврши во Унион Берлин, за потоа вториот дел од сезоната да го мине во Фенербахче каде и официјално ја заврши кариерата.

Бонучи изминативе месеци отворено говореше за игнорантскиот однос на Алегри и лошиот крај во Јувентус, но сега во обраќањето за „Прајм“ открива дека нивната историја датира уште од 2017-та година, односно од летото кога направи трансфер во Милан.

– Имав жестока расправија со него за време на еден натпревар со Палермо. После 60 минути игра, му кажав на Алегри да го извади Маркизио од игра бидејќи тој беше премоерен. Маркизио се врати од операција на коленото и сигнализирав да го извадат од игра. Наместо да го извади него, тој го извади Стураро и ми порача да се однесувам како играч, а не како тренер. Дури и ме нарече „ку.глав“ и за тоа има снимки од камерите.

– По натпреварот бев лут и оттрчав до соблекувалната на Алегри. Повторно имаше тензија и моравме да бидеме разделени за да не се испотепаме, – открива Бонучи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни