Поврзете се со нас

Италија

Бонучи направи споредба меѓу Алегри и Сари: Пријатно се изненадив од Маурицио

Објавено

на

Леонардо Бонучи во ексклузивното интервју кое го направи за „Газета дело Спорт“ говореше за својот контроверзен трансфер во Милан и враќањето во Јувентус, но стана и првиот играч од актуелниот тим кој реши да направи директна споредба меѓу Масимилијано Алегри и Маурицио Сари.

Популарниот Макс беше омилен меѓу играчите на Јувентус и сите беа изнеандени кога се донесе взаемна одлука да не се продолжи соработката, а уште понеочекувано беше да се ангажира човекот кој беше и најголем ривал на Јувентус како предводник на Наполи.

Маурицио Сари одлучи да го прифати најголемиот предизвик во италијанскиот фудбал, а Бонучи призна дека останал посебно изненаден од новиот тренер.

– Разликите меѓу Алегри и Сари се очигледни. Алегри е многу добар во менаџирање на соблекувалната, во истапување во најтешките моменти во сезоната и менаџирањето на најважните натпревари. Во изминатите пет години кои ги мина во клубот, стана мастер за овие работи.

– Од друга страна, Сари е премногу внимателен, страствен тактичар, кој сака неговите тимови да играат добар и убав фудбал. Откако е со нас, видов голем пораст, знае да биде понизен и да ја сфати динамиката на тимот. Пријатно сум изненаден од Сари, – признава Бонучи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни