Италија
Бонучи: Ме изненади глупоста која ја кажа Шчесни
![](https://derbi.mk/wp-content/uploads/2024/01/leo-bonuci-fener.jpg)
Леонардо Бонучи направи долго интервју за „Прајм видео“ и одговори на теми кои се беа недопрени од медиумите, бидејќи покрај тоа што откри дека караниците со Макс Алегри започнале уште во 2017-та година, го искористи обраќањето за да му одговори и на порашен соиграч.
Војчех Шчесни беше доста актуелен за медиумите во периодот кога замина во пензија и самиот откри дека му било преку глава од долгите говори на Бонучи, па често знаел да отиде во тоалетот и да си стави кацига на главата за да не го слуша стоперот.
Оваа изјава на Полјакот беше хит во Италија пред неколку месеци, но Лео сега реши да му одговори на голманот кој си го погази зборот и се врати на фудбалот за да биде резерва во Барселона.
– Ме повредија зборовите на Шчесни, јас секогаш зборував за доброто на тимот. Кога јас зборував, тој речиси никогаш не беше тука, секогаш беше заклучен во тоалетот и сите знаеме што правеше (пушел цигари).
– Го кажа тоа за кацигите на глава кога реши да се пензионира, но потоа се врати на фудбалот. Како што стојат работите, тој е целосно збунет, навистина ме изненади глупоста која ја кажа во јавноста, – открива Бонучи.
-
Светски првенства17 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Светски првенства16 часа
Одработен завршниот тренинг пред Австрија: Лазаров ги пренесе идеите, ракометарите треба да ги спроведат на дело (Фото)
-
Англија16 часа
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)
-
Англија18 часа
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот
-
Шпанија18 часа
Симеоне „ископа“ изјава на Анчелоти во која Италијанецот зборува за судиски одлуки во корист на Реал (Видео)
-
Англија24 часа
Гвардиола: Ако Ибрахимовиќ тоа го кажал…
-
Свет18 часа
Ривалдо му одговори на Нејмар: Никој не можеше да игра на мое место (Фото)
-
Шпанија22 часа
Голем предизвик за Димитриевски и Валенсија во четвртфиналето во Купот на Шпанија