Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бонучи испрати јасна порака по поразот од Барселона: Ова е под нивото на Јувентус, мораме да…

Објавено

на

blank

Екипата на Јувентус не блеска во оваа сезона, а најновото разочарување дојде вечерва во дуелот со Барселона каде „бјанконерите“ прикажаа многу малку и сосема заслужено беа поразени и покрај тоа што преку Алваро Мората дадоа три гола, но истите поради офсајд беа поништени.

Еден од најискусните во тимот, Леонардо Бонучи е свесен дека ова е премалку за тим како Јувентус кој секогаш има високи цели, па испрати јасна порака:

-Ова е моментот кога треба да стиснеме заби, да работиме заедно и да го извлечеме најдоброто од себе. Резултатите во последно време не се во согласност со нашите стандарди. Знаевме дека ќе биде тешко и покрај тоа што фалеа многу играчи во двете екипи, но направивме премногу технички грешки со што и олеснивме на Барселона.

-Пред нас е долг пат, знаеме дека можевме да сториме повеќе оваа вечер, вклучувајќи ме и мене, дури и ако се мачев. Она што ме тера да се надевам е таа желба да направиме нешто повеќе со топката во нашите нозе. Тоа значи дека ризикувате повеќе и му давате шанси на противникот, ама тоа е нешто на што треба да работиме, -рече стоперот и додаде:

-Природно е што имаме нови играчи со мало европско искуство, затоа мора да растеме од натпревар во натпревар. Ни недостасуваат некои важни играчи, играме на секои три дена и заморот почнува да се чувствува. Како што реков, ние треба да се заложиме заедно, да се обединиме и да започнеме повторно за неколку дена, -заврши Бонучи.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни