Поврзете се со нас

Италија

Бонучи има отворена рана од Јувентус: Лео се исповеда и откри каков лош третман добил од Алегри

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/fcunion

Леонардо Бонучи беше капитен на Јувентус и очекувано беше да ја заврши кариерата во Торино, но минатото лето дојде до драматичен расплет на настаните и искусниот стопер беше буквално протеран од омилениот клуб.

Макс Алегри и новиот директор Кристијано Џунтоли проценија дека веќе нема место за Бонучи во проектот на Јувентус, па ветеранот беше принуден да бара нов клуб и да си замине од Торино.

Гледајќи на оваа ситуација со ладна глава, Бонучи вели дека главен виновник за жалната епизода бил тренерот Алегри, кој всушност не собрал храброст да седне на маса со него и да му соопшти дека најдобро е да се разделат.

– Бев натеран да си одам, си заминав речиси трчајќи. Се случи тоа поради една личност, си заминав така поради одлуката на еден човек, а тоа е Макс. Тоа беше одлука на една личност, одлука која јас не ја заслужив. Мислев дека се шегуваат со мене после 500 меча одиграни за Јувентус. Се уште имам отворена рана од третманот кој го добив, кога давате толку многу за еден клуб, посакувате да добиете исто за возврат.

– Јувентус како клуб ми даде многу, но никогаш не замислував дека ќе си одам на таков начин. Играчи кои имаат многу помало значење од мене, добија многу подобро испраќање од моето.

– Џунтоли беше тој кој ми соопшти дека не сум во плановите на тренерот, а првично тоа ми изгледаше како шега. Сакаа да покажат сила, а јас само сонував да ја завршам кариерата во Јувентус. Сакав да завршам на друг начин, играјќи за Јувентус и на Европското првенство….. После осум години со Алегри, очекував да ми се јави и заедно да ја решиме ситуација. Наместо тоа, тој се однесуваше како со странец, последниот разговор го имав со него по последното коло во сезоната 2022/23, – открива Бонучи за „Тутоспорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни