Бонучи даде коментар за спорниот момент во Мадрид: Кога го свирна пеналот, помислив само на едно нешто

leo-deca

Спорниот момент од „Сантијаго Бернабеу“ предизвика лавина од реакции во светската спортска јавност, но ова утро посебно внимание меѓу италијанските медиуми предизвика изјавата која ја даде поранешниот стол во одбраната на Јувентус, Леонардо Бонучи.

Добро познато е дека Лео оваа сезона има сосема поразлична улога и брани други бои како капитен на Милан, но кога беше побарано од него да даде коментар за контроверзниот момент од 93-та минута од „Сантијаго Бернабеу“, стоперот не се двоумеше да застане на страна на своите поранешни соиграчи кои реагираа бурно на одлуката на Мајкл Оливер.

Џиџи Буфон доби голем број на критики поради начинот на кој го истретира англискиот арбитар, но како што вели Лео, вистинска среќа е што тој не бил на теренот, бидејќи смета дека нема да можел да се воздржи.

– Изминатава недела беше полна со емоции за италијанските тимови во Европа. Многу сум среќен за Рома, но од друга стран, многу ми е жал за Јувентус бидејќи не се постигнуваат три гола на „Бернабеу“ секој ден. Беше навистина многу сомнителна последната ситуација, но Јувентус без разлика на се покажа дека е голем тим. Што си помислив прво кога свирна пенал? Среќа што не сум на теренот, бидејќи немаше да можам да ги задржам моите емоции. Немаше да можам да се воздржам , – вели Бонучи во изјава за „Премиум спорт“.

 

Facebook Коментари