Боно и „Ју-ту“ му се заблагодарија на Меси на концертот во Буенос Аирес (Видео)

Messi3

Драматичната завршница на јужноамериканските квалификации на своја кожа ја почувствуваа и членовите на ирскиот бенд „Ју-ту“ кој вчера одржа концерт во Буенос Аирес.

Организаторот најпрвин мораше да го помести почетокот на концертот за 90 минути, а мораше да постави и видео-бимови преку кои дел од присутните можеа да го догледаат натпреварот меѓу Еквадор и Аргентина.

На крајот се оствари најдоброто сценарио за Аргентина која благодарение на хет-трикот на Лео Меси си обезбеди место на СП во Русија. Сигурно на овој начин и атмосферата на концертот била подобра, а фронтменот Боно не пропушти можност јавно да му се заблагодари на Меси.

Facebook Коментари