Поврзете се со нас

Европски првенства

Боњек му испрати порака на Милик: Ако не игра во клубот, нема да игра ни на ЕП

Објавено

на

Аркадиуш Милик се најде во непосакувана ситуација откако Наполи реши да го „замрзне“ по неуспехот да биде пронајден заеднички јазик за трансфер или продолжување на договорот.

Сега Милик не игра натпревари за тимот на Џенаро Гатузо, но добиваше повик и од полскиот селектор. Сепак, претседателот на Полската фудбалска федерација, легендарниот Збигњев Боњек вели дека ситуација нема да трае долго.

– Ако не игра во клуб, речиси невозможно е да игра на Европското првенство.

– Кога е во добра форма, може да направи разлика во кој бил клуб, а не знам и не сакам да се мешам во тоа зошто не игра во Наполи, – вели Боњек.

Тој не се согласува и со ставот на клубовите дека не треба да им дозволуваат на фудбалерите да играат за националните тимови во овој комплициран период.

– Не ги разбирам овие забелешки од директорите. Клубовите се себични, федерациите мора да постојат, репрезентациите мора да играат. Протоколите се почитуваат и тоа е најважно, – изјавил првиот човек на полската федерација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни