Германија
Бонифејс се врати со гол по пропаднатиот трансфер во Ал Наср (Видео)

Виктор Бонифејс поради отворени преговори со Ал Наср не беше во комбинација за настап на претходните три натпрвари, но откако му пропадна трансферот во Саудиска Арабија, денеска се врати во стартната постава на Баер Леверкузен.
Нигерискиот напаѓач пред натпреварот отворено говореше за нереализираниот трансфер во тимот за кој настапува и Кристијано Роналдо, потенцирајќи дека во ниту еден момент не покажал непочитување кон „фармацевтите“.
За да биде уште подобро за него, Бонифејс се врати во тимот со гол во дуелот со Хофенхајм, натпревар кој Леверкузен го доби со 3:1.
„Фармацевтите“ ја одработија задачата уште во првото полувреме во кое постигнаа два гола преку Бонифејс и Фримпонг, додека на стартот на вториот дел погоди и Шик.
Десет минути по голот за 3:0, Грималдо доби црвен картон, а тоа му овозможи на Хофенхајм да постигне почесен гол за 3:1 преку Орбан.
Леверкузен со оваа победа се врати на „минус шест“ од Баерн Минхен, и тоа на две кола пред големото дерби кое ќе се игра на „Бај Арена“.
-
Шпанија24 часа
Деко за ѕвездата на Барса која неодамна потпиша договор: Ако во блиска иднина се премисли, вратите ќе му бидат отворени
-
Лига на шампиони22 часа
Пеналот во ЛШ ја крена на нозе цела Италија: Завршивме со фудбалот! (Видео)
-
Англија23 часа
Слот шокиран од Оливер: Откриени зборовите кои му ги испратил на судијата откако доби црвен картон (Видео)
-
Англија14 часа
Мареска донесе одлука, Челси има нова „единица“
-
Македонија22 часа
Омерагиќ им се обрати на судиите пред пролетниот дел од сезоната: Мојот телефон не е тајна, нема простор за манипулации!
-
Лига Европа15 часа
Балканците му донесоа убедлива победа на Фенербахче, Сосиедад славеше во Данска (ВИДЕО)
-
НБА23 часа
Кајри-шоу од кое застанува здивот: Ирвинг постигна три тројки за 40 секунди и го откажа Голден Стејт (Видео)
-
Конференциска лига13 часа
Николов и Шишковски славеа со Борац Бања Лука, Антони со мајсторија ја најави победата на Бетис (ВИДЕО)