„Бомбата“ на Елмас против Бенфика (Видео)

elif

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас со својот Фенербахче не успеа да го продолжи патувањето во квалификациите во Лигата на шампионите, односно доживеа елиминација од Бенфика која со севкупни 2-1 си обебеди место во плејофот во најелитното натпреварување.

Нашиот Елиф како на првиот така и на вториот меч ги одигра сите 90 минута, притоа заработи жолт картон, но имаше и една прекрасна шанса или поточно страшен удар од 30 метри кој за жал не заврши во голот на португалскиот вицешампион.

Погледнете ја оваа „бомба“ на Елмас од првото полувреме од средбата во Истанбул.

Facebook Коментари