Поврзете се со нас

Англија

Бомбастични најави од Островот: „Скај Спортс“ обелодени дека Кејн побарал трансфер од Тотенхем

Објавено

на

Најеминентниот англиски спортски медиум „Скај Спортс“ предмалку сподели бомбастична најава поврзана со еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, Хари Кејн.

Имено, напаѓачот на Тотенхем од својот клуб побарал да биде продаден во летниот преоден рок во намера да заигра во клуб кој е на повисоко ниво и кој постојано ќе се бори за трофеи.

За играчот кој зад себе има бројни индивидуални признаниа, меѓутоа нема ниту едно клупско, интерес има од три клубови од Премиер лигата. Намерата на Кејн е да остане во Англија и да не ја менува средината, што значи дека ќе направи трансфер во клуб кој е ривал на Тотенхем.

За 27 годишниот напаѓач сериозен интерес има од Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Челси кои  се подготвени да издвојат значителна сума на пари за да го обезбедат потписот на одличниот фудбалер.

Желба на Кејн е неговата иднина да биде решена пред почетокот на Европското првенство што значи дека во многу скоро време ќе дознаеме за тоа каде ќе продолжи најдобриот голгетер во англискиот шампионат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sky Sports (@skysports)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни