Бомбастични најави од Италија: Пандев би можел да се врати во Интер

goran slavi

Од Интер ги разгледуваат опциите во тимот да донесат уште еден напаѓач кој ќе биде резервна опција на Мауро Икарди и новото засилување Лаутаро Мартинез.

Клубот од „Џузепе Меаца“ планира во своите редови да го донесе Николас Гонзалез од Аргентинос Јуниорс, а доколку не успее овој трансфер Нероазурите имаат неколку алтернативи како можни решенија за напаѓачката позиција.

Меѓу овие алтернативи е и нашиот Горан Пандев кој се уште го нема продолжено договорот со Џеноа и би пристигнал во Интер како слободен фудбалер. Покрај Пандев, на списокот желби се наоѓаат и Кевин Ласања, Диего Фалчинели и Фабио Кваљарела.

Горан Пандев ги помина најуспешните години во редовите на Интер, а во 2010 година беше еден од клучните играчи на Жозе Мурињо во историската „триплета“ на клубот.

Facebook Коментари