Поврзете се со нас

Италија

„Бомбастична“ најава од Италија: Бекам пред ангажман на нова ѕвезда од Јувентус

Објавено

на

Гонзало Игуаин не е во првичните планови на Андреа Пирло за новата натпреварувачка сезона и новиот тренер веќе му го соопшти тоа на искусниот напаѓач, кој според последните информации одлетал од Торино во обид да договори нависитна неочекуван трансфер.

Игуаин има важечки договор со Јувентус до наредната година, но угледните новинари од Апенините вечерва информираат дека клубот му овозможил да има улога на слободен агент во обидот брзо да си пронајде нова средина, а како што стојат работите, Аргентинецот ќе го гледаме во МЛС лигата.

Откако постигнал договор со Јувентус веднаш да си замине од клубот, последните информации велат дека Гонзало се упатил во Америка, а таму ќе води преговори со Дејвид Бекам кој е сопственик на Интер Мајами.

Популарниот Бекси веќе го доведе Маутиди од Јуве пред извесно време, а најавите се дека Гонзало Игуаин ќе биде второто мега засилување кое ќе го доведе од стариот континент.

Јувентус чека разврска на целата ситуација пред официјално да соопшти дека Гонзало е ослободен од клубот, а „Скај“, „Тутоспорт“ и неколку угледни италијански новинари тврдат дека Аргентинецот ќе добие двегодишен договор од Интер Мајами.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни