Поврзете се со нас

АТП

„Бомбардерот“ Хуркач со секој ас ќе донира пари за Украина

Објавено

на

Хуберт Хуркач е еден од тенисерките од кого доста се очекува на Вимблдон затоа што е играч кој одлично се снаоѓа на трева, а дека е тоа така најдобро говори полуфиналето кое лани го играше на овој грен слем.

Полјакот е поставен како седми носител и како таков се одлучи да си даде еден предизвик пред себе, предизвик кој ќе значи помош за Украина.

Имено тој вети дека ќе донира по 100 евра за секоја погоден ас во Лондон. Тој годинава веќе има забележано 452 асови со што е на третото место зад американските „бомбардери“ и „џинови“ Џон Иснер и Рајли Опелка.

Хуркач имаше одлична подготовка за Вимблдон со триумфот на Хале, па останува да видиме дали ќе ги оправда очекувањата и ќе стигне далеку на ова неофицијално светски тениско првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни