Поврзете се со нас

АТП

„Бомба“ уште на стартот: Надал ќе отвори против четвртиот фаворит на Ролан Гарос, Ѓоковиќ ги избегна најтешките ривали (Фото)

Објавено

на

foto:twitter.com/InteBNLdItalia

Извлекувањето за овогодинешното издание на Ролан Гарос беше поинакво од сите оние во изминатите две децении, бидејќи Рафаел Надал за првпат не влезе како носител и тоа направи да добие пеколна ждрепка на својот омилен грен слем.

„Кралот на земјата“ ќе игра против четвртиот фаворит за освојување на турнирот во Париз, односно против разиграниот Александер Зверев кој на крајот на минатата седмица триумфираше и го освои трофејот на Мастерсот во Рим.

Шпанскиот тенисер не можеше да замисли потежок старт на Ролан Гарос, а за да биде уште полошо, се најде на дел од жребот каде фаворит е Ѓоковиќ, па доколку направи големо изненадување, би вкрстил со Србинот во полуфинналето.

За разлика од Надал, Ѓоковиќ се најде на вистинска страна од ждребот и успеа да ги избегне Карлос Алкарас и Јаник Синер, па така проектирани ривали според ранкингот во четвртфиналето и полуфиналето му се Каспер Руд и Александер Зверев.

Синер и Алкарас се на иста стрна од ждребот и можат да се сретнат само во полуфиналето, но ако дојдат до таа фаза, тоа ќе значи дека претходно во четвртфиналето елиминирале играчи како Хуркач и Рубљов.

Светскиот рекет број еден во првото коло ќе игра против домашниот тенисер Пјер Иго Ербер, Алкарас ќе игра против квалификант, додека Синер ќе ги одмери силите со Јубенкс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни