Поврзете се со нас

Германија

Бомба тешка 500 кг. ги преплашила и им ги пореметила плановите на фудбалерите на Баерн Минхен

Објавено

на

Екипата на Баерн Минхен славеше убедлива победа од 12:0 против нисколигашот Бремер во првото коло од германскиот куп.

По овој лесен тренинг фудбалерите на Баерн Минхен се упатиле на аеродромот во Бремен за да заминат во Берлин каде викендов ќе го играат првенствениот натпревар против тимот на Херта.

Сепак, нивниот лет за Берлинг бил откажан поради пријава за експлозивна направа, бомба. На почетокот многумина од играчите се посомневале на терористички напад, и според информациите на германските медиуми во таборот на Баерн завладеала поголема паника.

На крај како што пишуваше „Билд“ било откриено дека во непосредна близина на аеродромот била пронајдена бомба од Вторат светска бомба тешка 500 кг.

Стручните служби од Германија се уште ја деактивирале бомбата, па на играчите на Баерн не им било дозволено да го напуштат градот со авион.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни