Лига на нации
„Бомба“ по историскиот успех во Лигата на нации: Сејдини си поднесе оставка и даде објаснување за својата одлука
Неколку часа по победата која ја оствари Македонија над Фарски Острови во завршното коло во Лигата на нации, цела македонска спортска јавност зборуваше за историските бројки на нашиот национален тим, но во моменти на голема еуфорија, пристигна и веста за промена во врвот на ФФМ.
Фудбалската Федерација на Македонија информираше дека Муамед Сејдини си поднел оставка и дека истата ќе биде потврдена на Вонредното изборно собрание кое ќе се одржи на 22-ри декември, на кое ќе биде избран и нов претседател на ФФМ.
– Управниот одбор на ФФМ закажа Вонредно изборно собрание за избор на претседател на Фудбалска федерација на Македонија на 22.12.2024 година;
– На Вонредното изборно Собрание на ФФМ на 22.12.2024 ќе се констатира оставката на актуелниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини и ќе се избере претседател на Фудбалската федерација на Македонија, – гласи објавата на ФФМ, во која е приложена и изјава на досегашниот претседател Сејдини.
– После седум извонредни години исполнети со историски достигнувања, решив да се повлечам од позицијата претседател на Фудбалската Федерација на Македонија. Одлуката е резултат на моето размислување дека дојде момент за промена, после период што ќе остане запаметен како најуспешен во историјата на нашиот фудбал.-
– Заедно со вас, испишавме златни страници за македонскиот фудбал: историското учество на Европското првенство ЕУРО 2020, второ место во квалификациската група за Светско првенство и незаборавната победа над Италија во Палермо, успесите во Лигата на нации со пласман во Лига Б и реализацијата на бројни инфраструктурни проекти во соработка со УЕФА и ФИФА.
– Ја напуштам оваа позиција со гордост и огромна благодарност до сите кои придонесоа за овие успеси: фудбалерите, селекторите, клубовите, инвеститорите, администрацијата, членовите на Управниот одбор и секој љубител на фудбалот. Јас ќе продолжам да ја извршувам својата улога до 22. декември, кога на Вонредно Собрание ќе биде избран мојот наследник. Со целосна верба во иднината на Федерацијата и македонскиот фудбал, од срце ви благодарам за поддршката и соработката во изминатите години, – гласи обраќањето на Сејдини.
-
Шпанија16 часа
Роналдо: Вистинската „Златна топка“ е во Реал, но тоа не е Винисиус
-
Англија15 часа
Евертон и Ливерпул денеска нема да го одиграат најавеното градско дерби
-
Англија14 часа
Гвардиола: Мурињо е уште еден од тие кои посакуваат Сити да игра во четвртата лига
-
Англија8 часа
Одложеното дерби ни донесе малер на денот: Ја потрошил цела заштеда за да го гледа последното Мерсисајд дерби на „Гудисон парк“ (Фото)
-
Англија16 часа
Ливерпул, Арсенал и Сити ќе остварат идентични победи, лондонското дерби ќе му припадне…
-
Англија5 часа
Антонио имаше тешка сообраќајна несреќа, Вест Хем се огласи со информација за неговата состојба
-
Италија11 часа
Гасперини му одговори на Фонсека, но и на навивачите на Аталанта: Ќе ги оставиме да пејат што сакаат!
-
Франција10 часа
Ал Келаифи: Игрите на Мбапе во Реал? Посакувам само едно нешто……