Поврзете се со нас

Евролига

„Бомба“ од соседството: Охриѓанецот Осман ќе ги брани боите на европскиот шампион (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/cediosman

Џеди Осман остави зад себе разочарувачка сезона во НБА лигата во која важеше за член на Сан Антонио, па во ситуација кога стана достапен и за екипи надвор од Америка, Турчинот кој има блиска врска со Македонија реши да се врати во Европа.

Турскиот репрезентативец кој е роден во Охрид никогаш не ја криел одличната конекција која ја има со родниот крај, па затоа веста за неговото заминување во соседна Грција предизвика големо внимание во јавноста.

Осман решил да ја прифати понудата од Панатинаикос и во новата сезона ќе биде дел од европската елита, а тоа го потврди првиот човек на клубот, Димитрис Јанакопулос.

– Ви посакувам добро утро од три причини. Првата е дека ривалите од Евролигата значително се засилија за новата сезона. Втората е дека одам во Сунио, а за крај дозволете да ви потврдам дека од овој момент Џеди Осман е нов играч на Панатинаикос, – порача Јанакополус на Инстаграм.

На овој начин, Џеди се враќа во европската кошарка за првпат по 2017-та година, а во новата сезона ќе ги брани боите на актуелниот европски шампион.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни