Поврзете се со нас

Шпанија

„Бомба“ од Шпанија: Меси ги прекинал преговорите за нов договор, сака да си замине од Барселона

Објавено

на

Шпанскиот прволигаш Барселона во брзо време може да остане без својот капитен и најдобар играч Лионел Меси.

Ова се последните информации кои доаѓаат од Пиринеите поточно од радио станицата „Кадена Сер“ која тврди дека Меси ги прекинал преговорите за нов договор и сака да си замине од „Камп Ноу“ во 2021 година.

Аргентинецот наводно е незадоволен од целата ситуација во клубот и од тоа што се случува, но и да биде дежурен виновник за се во Барселона, па поради тоа размислува,сака да си замине по завршувањето на актуелниот договор на 30 јуни 2021 година.

„Мундо Депортиво“ пак од свои извори од клубот дознава дека Меси ги нема стопирано преговорите или поточно Барса не знае за таква одлука во овој момент. Весникот се обидел и да стави во контакт со таборот на Аргентинецот, ама не успеале во нивната намера.

Ако Лео навистина си замина од шпанскиот великан тоа дефинитивно ќе биде проблем за тимот кој оваа сезона е на добар пат да ја заврши без титула на домашно тло, а ако игра вака тешко дека ќе успее да направи нешто повеќе и во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни