Поврзете се со нас

Свет

„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!

Објавено

на

Foto:twitter.com/AberdeenFC

Бојан Миовски игра на врвно ниво и во втората сезона како член на Абердин, но поради тоа што е единствена светла точка во својот тим, сега постојат шанси да не ја доврши оваа кампања како член на популарните Донс.

Македонскиот репрезентативец постигна 11 гола од месец август наваму и се издвојува како еден од најдобрите играчи во Шкотска, а тоа направило да биде интересен за најголемиот фудаблски клуб во оваа земја.

Шкотски „Сан“ ексклузивно информира дека Брендан Роџерс го пикирал македонскиот голгетер и решен е да го доведе уште во месец јануари, период во кој неговиот Селтик ќе остане без тројца важни фудбалери поради азискиот Куп.

Според информациите, поранешниот менаџер на Ливерпул е презадоволен од скаутингот кој бил направен од страна на неговите соработници, па сега се очекува и рекордна трансфер понуда на која тешко дека ќе одолеаат Миовски и Абердин.

Последните најави се дека преселбата на Миовски од Абердин во Селтик би го донела највисокиот трансфер во историјата кога преговараат два шкотски клуба, бидејќи досега на прво место е Скот Браун кој во 2007-ма година направи трансфер од Хибернијанс во Селтик за 4,4 милиони фунти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни