Поврзете се со нас

Свет

Бомба од МЛС: Норвежанец постигна гол со кој ги засени ѕвездите на ЕП (Видео)

Објавено

на

Европското фудбалско првенство во моментов ги засенува сите останати спортски настани, но во МЛС е постигнат погодок кој барем привремено ќе биде најатрактивен потег на фудбалската сцена.

Моментот доаѓа од натпреварот меѓу Атланта и Филаделфија, на кој домаќините беа пред победа, но во судиското продолжение примија навистина атрактивен погодок.

Во главна улога е норвешкиот фудбалер Јакоб Глеснес, 27-годишниот дефанзивец кој го шокираше американскиот голман Бред Гузан, за многумина познат и по настапите за Астон Вила и Мидлзброу во Премиер лигата.

Ветеранот на голот на Атланта не можеше да го спречи ова ремек-дело, за чија атрактивност влијаеше и флертот со гредата, но и реакцијата на коментаторите на јужноамериканскиот сервис на „ЕСПН“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни